Јаболковото дрво | Поучна приказна

4212

Некогаш одамна, постоело огромно јаболково дрво. Едно малечко дете сакало секојдневно да си игра околу него.

Се качувало до врвот на неговите гранки, јадело јаболка и седело под неговата сенка. Детето го сакало дрвото, а и дрвото сакало да си игра со него. Времето поминувало, а детето пораснало.

Повеќе не играло околу него, а еден ден кога го посетило веќе пораснатото момче, дрвото било тажно.

„Дојди и играј си со мене“, рекло дрвото, на што момчето одговорило: „Не сум повеќе мал за да играм со тебе. Сега сакам играчки и потребни ми се пари за да ги купам“.

„Жал ми е, јас немам пари. Но ти можеш да ги собереш моите јаболки, да ги продадеш и да заработиш пари“, рекло дрвото. Радосно, детето се искачило на него, ги собрало сите јаболка и си заминало задоволно. После тоа, момчето не се вратило кај него, така што дрвото повторно било многу тажно.

Еден ден момчето, веќе возрасен човек, се вратило кај дрвото. Дрвото се израдувало поради неговото доаѓање.

„Дојди да си играш со мене“, рекло тоа, на што човекот одговорил: „Многу сум уморен, и започнав да стареам. Би сакал некаде да испловам за малку да се одморам. Дали имаш чамец да ми дадеш?“.

Дрвото одговорило: „Од мојот дебел труп можеш да направиш чамец и со него да пловиш каде што сакаш“.

Така човекот го исекол дрвото и од него направил чамец. Отпловил и повеќе не се вратил.

После долги години човекот се вратил.

„Жал ми е дете мое драго, но повеќе немам што да ти дадам. Немам повеќе јаболка“, рекло дрвото.

Човекот рекол: „Не е важно, и така немам повеќе заби да ги гризам“.

„Немам стебло за на него да се качиш, а немам ни гранки на нив да седиш“, рекло стеблото.

„И онака за тоа сум стар“, одговорил човек.

„Јас навистина немам повеќе што да ти дадам. Останаа уште моите стари жили“, рекло дрвото со солзи во очите.

Човекот рекол: „Сега не ми е потребно ништо, сакам само да одморам. Многу сум уморен после сите години“.

„Добро! Жилите на стеблото се најдобри за на нив да се потпреш и да се одмориш. Дојди, седни покрај мене и одмори се“, рекло дрвото.

Човекот седнал, а старото дрво со насмевка на лицето, заплакало од радост.

Кое е ова старо јаболково дрво, а кој е овој човек?

Човекот си ти, а дрвото твоите родители.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.