Google повика и на имплементација на силни опции за родителска контрола кои ќе ги заштитат најмладите од несакани содржини, а во исто време ќе им ја дадат на тинејџерите слободата што ја заслужуваат, во зависност од нивната возраст.
Google го претстави својот предлог за законска рамка која треба да ја зголеми безбедноста на децата и младите на Интернет. Предлогот всушност е одговор на технолошкиот гигант на предлогот на американскиот Конгрес за заштита на децата на Интернет.
Предлогот, кој беше објавен на официјалниот блог на Google, истакнува неколку клучни принципи. Пред се, тој се залага децата и тинејџерите и нивните потреби да се стават на прво место при дизајнирање на производи кои ќе им бидат достапни на Интернет.
Тие наведуваат дека интернет услугите наменети за млади корисници треба да се засноваат на стручни истражувања и најдобри практики, притоа земајќи ги предвид факторите како безбедност, благосостојба, приватност, пристап до информации и слобода на учество.
Тие предложија и еден вид верификација на возраста на корисникот, со што нема да се навлегува во приватноста на корисникот, туку ќе се дефинира точната возраст за користење. Така, секоја проверка на возраста не треба да собира дополнителни податоци.
Google повика и на имплементација на силни опции за родителска контрола кои ќе ги заштитат најмладите од несакани содржини, а во исто време ќе им ја дадат на тинејџерите слободата што ја заслужуваат, во зависност од нивната возраст.
Тие го нагласуваат и важниот аспект на менталното здравје и благосостојба, што е во сложена врска со употребата на технологијата. Во својот предлог тие наведуваат дека платформите за споделени содржини треба да воведат политики поврзани со возраста на корисниците и да воведат производи кои промовираат ментално здравје.
Тие, исто така, предложија забрана за персонализирано рекламирање наменето за помлади од 18 години, за да се заштитат личните информации на децата и младите од продажба на трети лица.
Затоа, тие ги повикуваат другите платформи да им обезбедат на тинејџерите и родителите алатки кои би го олесниле управувањето со содржината што ќе ја гледаат децата и младите.
Тие се залагаат за одговорен и транспарентен пристап кон содржината, притоа земајќи ги предвид најдобрите интереси на децата и тинејџерите. Тие ја нагласуваат важноста од развивање политики кои се јавно достапни, врз основа на емпириската литература, и што е уште поважно, активно се спроведуваат.
Тој особено ја нагласува потребата од проценка на ризикот и повикува на преземање одговорност при развојот на интернет услугите и производите. Главно во однос на обработката на податоците на децата и младите.
Конечно, побараа усогласување на регулаторната рамка во светски рамки за корисниците да имаат јасен поглед што се бара од нив, но и што им се дава (во форма на услуга или производ).
Добро дизајнираната законска рамка може да биде ефективна алатка за надградба на овие напори за одржување на децата и тинејџерите побезбедни на интернет. Конкретно, го поддржуваме законодавството што ја прилагодува заштитата за возраста на детето, го поддржува менталното здравје и благосостојбата, се справува со различни ризици со пропорционални одговори и обезбедува простор за подобрувања на производите и бизнисот, се вели во блог-објавата на Google.