Еве како алкохолот и марихуаната влијаат на сексот

1780

Едно неодамнешно истражување, спроведено од страна на научниците од Универзитетот во Њујорк на 24 лица (12 машки и 12 женски), на возраст од 18 до 35 години, ги споредува сексуалните искуства под дејство на алкохол и марихуана и покажува дека тие имаат различни ефекти во начинот на кој лицата се однесуваат при изборот на парнерот, како и за време на сексот.

Поради тоа што марихуаната во повеќето земји е нелегална, а и нејзиното конзумирање предизвикува силен мирис, најчесто се користи во приватни средини, кои често ги олеснуваат сексуалните односи, вели д-р Џозеф Џ. Палмар, автор на истражувањето.

Палмар, заедно со своите колеги, верува дека табуто поврзано со пушењето трева всушност доведува до вакви интимни средби, а најчесто се практикуваат со некој веќе познат.

За разлика од марихуаната, алкохолот е лесно достапен во општествените средби што значи дека сексуалните средби со алкохол често се практикуваат со некој непознат, што пак значи дека ситуацијата пред сексот е многу поважна од самиот алкохол.

Генерално, корисниците на марихуана изјавиле дека конзумирањето на марихуана ги прави поселективни во однос на партнерот, додека конзумирањето на алкохол ги намалува нивните стандарди за избор на парнерот и води до помало задоволство после сексот.

Учесниците повеќе се каеле за сексот додека биле под дејство на алкохол, отколку на марихуана.

Воглавно, учесниците изјавиле дека сексот под дејство на марихуана е подобар од сексот под дејство на алкохол, бидејќи неивното тело е почувствително и доживуваат подолг и поинтезивен оргазам.

Продолжува на страна 2