
Учесниците ги опишале позитивните сексуални ефекти од конзумирањето на алкохол и марихуана, но тие исто така се поврзани и со различни негативни ефекти, како на пример сексуална дисфункција. Пушењето трева е поврзано со сувост на вагината кај жените, додека алкохолот ја зголемува веројатноста за појава на импотенција кај мажите.
Претходни истражувања покажале дека тревата го намалува нивото на тестостерон кај некои мажи, а помалото ниво на тестостерон може да доведе до еректилна дисфункција. Алкохолот пак делува депресивно на расположението, може да ја намали сексуалната желба или да го отежни добивањето на ерекција или достигнувањето на оргазам. Преголемото конзумирање на алкохол исто така се поврзува со еректилна дисфункција, поради тоа што токсините од алкохолот може да се натрупаат во телото и да влијаат на органите, вклучувајќи ги и оние кои се вклучени во сексот.
Паламар и неговите колеги сметаат дека алкохолот и тревата се поврзани со уникатни сексуални ефекти, но дека алкохолот води до поризично сексуално однесување. Тоа не значи дека марихуаната е безбедна.
И алкохолот и марихуаната го зголемуваат ризикот за небезбеден секс, па затоа научниците препорачуваат да не се конзумираат кога се впуштате во сексуални активности.


















