Новак Ѓоковиќ со победата над Стефанос Циципас по рекорден десетти пат го освои Австралија опен и се изедначи по бројот на грен слем титули (22) со Рафаел Надал, единствениот рекордер досега.
И додека трае полемиката дали Ѓоковиќ е најдобар и најголем на сите времиња или дали е тоа Надал или Федерер, според еден критериум нема дилема кој е прв и недостижен.
Ѓоковиќ со триумфот во Мелбурн освои 2 милиони и 115 илјади долари. Така во кариерата стигна до фантастични 166,9 милиони долари заработка од турнирски премии, објави Индекс.
Топ 10 играчи по заработка од турнири во историјата:
Новак Ѓоковиќ 166.901.653 $
Рафаел Надал 134.529.921 $
Роџер Федерер 130.594.339 $
Енди Мареј 63.254.625 $