Втори февруари кај нас и во блиското соседство се пародира како празник на педерите, пардон хомосексуалците, а впрочем е измислен датум. Светски ден на истите е 28 јуни !
Турбуленцијата околу прашање за легализација на геј браковите не стивнува, згора на тоа (или отпозади што би рекол Sasho Tasevski во истоимениот роман) го дели светот на “за“ и “против“, но никој не е рамнодушен.
Во Хрватска стивнува вревата за уставното признавање на истополните браковите, а во далечната Австралија, Врховниот суд на Камбера неодамна го поништи истиот закон, венчаните геј партнери формално морале да се разведат, а неформално да продолжат онака како милуваат.
Додека Европската Унија им диктира правила на земјите членки да овозможат рамноправни услови и за хетеро и за хомосексуалците, Врховниот суд во Индија го поддржува законот од пред 148 години, според кој истополниот секс е криминално дело казниво со закон и до 10 години.
Данска во 1989 година прва воведува рамноправност меѓу хомо и хетеро сексуалците, 2001 Холандија прва ги легализира геј браковите, а се приклучуваат Белгија, Канада, Шведска, Норвешка, Бразил, Аргентина, Уругвај, Франција, Исланд, Нов Зеланд, делови од Англија и Велс, 15 држави од САД… (“шири шири весели пешкири”). ?
Факт е дека хомосексуалството не е откровение на новото време, си има своја историја и Светската здравствена организација од мај 1990 година го смета за здрава сексуална ориентација (ова ,,здрава” не значи и препорачлива дневна доза и.т.н.)
Сепак најсуптилното прашање околу кое допрва ќе се кршат копја и ќе се делат мислења, е посвојувањето на деца, тема за која никој до сега не се осмелил да даде сигурен одговор какви последици би имале посвоените деца, акo живеат со двајца татковци или две мајки!
Но, познавајќи го менталитетот на луѓето со предрасуди, како и перфидноста на злоупотреба на деца (педофили во брачна заедница кои се претставуваат како хомосексуалци чекајќи во редот за посвојување), не може да сме со замижени очи и така бајковито, филмски да ги разбираме работите кои се исклучително чувствителни и треба многу внимателно и одговорно да се третираат.
Неретко децата се жртви и во стрејт браковите, но и дете посвоено од хомосексуалци, без оглед колку и да се благородни, хумани, чесни, интелигентни и добри родители, општеството ќе ги маргинализира и виктимизира тие деца (замислете како ќе му е кога ќе го задеваат другарчињата дека има двајца татковци или две мајки кои се сакаат)!
Како и да е, недоразбирањата и фрлање копја во височина ќе траат уште долго. Важно е да се научиме на почит кон “обратните“ од нас и без презир или потсмев да се помириме со нивното присуство на земјената топка.
Објавено на 2.2.2014 година.



















