Најзлобниот папа од кога и да е | Касап, прељубник и диктатор

361

Тој ја користел папската армија за масакр над непријателите на своето семејство, а не му биле туѓи ниту сексуалните оргии со мажените жени.

Pope Francis & Benedict XVI

Откако папата Benedict XVI абдицирал медиумите целосно полуделе, но Бенедикт не бил првиот папа, кој абдицирал. 800-тата година пред него, тоа го направил папата Celestin V. Но, сето тоа брзо е заборавено по изборот на папата Francis.

Сепак, работите можеле да се завршат многу поинаку.

Кога Celestin V абдицирал во 1294, година, го наследил папата Boniface VIII. Celestin бил 85-годишник од Неапол, избран поради својата скромност. Пред да биде избран за папа, тој живеел како сиромав човек и испосник, а станал папа по налог на кардиналот. Како што напишал Eamon Duffy, Celestin V бил светец, но сосема безнадежен, и затоа траел само пет месеци.

Celestin V

Многумина мислеле дека со изборот на таков папа Црквата ќе се исчисти од корупцијата, но не само што тоа не се случило, туку Celestin бил принуден да се повлече. Првиот потег на Boniface како папа е затворањето на Celestin во тврдината Fumone каде што поминал десет очајни месеци и така почнало владеењето на Boniface VIII, најмалку свет папа во историјата на Црквата.

Роден е како Benedetto Caetani и од рана возраст, тој покажувал авторитарни склоности. Тој бил релативно талентиран црковен адвокат и член на Curia пред да биде прогласен за кардинал.

Papa Bonifacio VIII

Boniface цврсто верувал во папската супериорност над другите. По пат се вплеткал во меѓународни афери и дипломатски расправии со странски кралеви, како онаа со францускиот крал Philippe IV, откако вовел данок на француското свештенството.

Бонифациј ја издал својата сопствена злогласна була Unam Sanctam, по која државната и црковната власт му припаѓаат исклучиво нему.

Но, не само таа невидена и безгранична бахатост придонела за имиџот на автократот. Boniface се спротивставувал на голем број италијански функционери и традиционалните непријатели на неговото семејство. Тоа особено се однесувало на семејството Colonna. Jа искористил папската војска да освои неколку градови кои таа фамилија ги поседувала. Меѓу нив бил и градот Palestrina, а Boniface наредил масакр врз сите 7 000 жителите на градот.

Ниту во приватниот живот Boniface не бил пример на добрина и чистота. Не му било доволно да изврши еден смртен грев, туку три одеднаш. Често се впуштал во секс во тројка со мажена жена и нејзината ќерка, така што во истата ноќ направил три гревови – прељуба, инцест и повреда на завет за целибат.

На крајот, сепак, добил она што заслужил. Починал еден месец откако непријателите го киднапирале и измачувале. Постојат приказни дека починал целосно луд, и дека самиот си ги изгризал рацете и до смрт ја удирал главата од ѕидот, но приказната е мит. Сосема случајна ексхумација на неговиот гроб во 17. век открила дека двете раце биле сочувани.

Philippe ‘le Bel’ de France

Дури по неговата смрт за него почнале да се појавуваат најлошите приказни и озборувања. Кралот Philippe IV дури барал неговото тело да се откопа, и да се изгори како еретик. Наследникот на Boniface, папата Clement V, ја отфрли таа идеја.

Сведок на црковниот состанок на кој Clement го отфрлил предлогот на кралот, а кој се одржал во Виена во 1312. година, тврдел дека Boniface не бил само неморален, туку дека бил и неверник. Раскажал како велел дека Марија била девица како и неговата мајка, и дека прељубата е, исто така, грешна како и ракувањето.

Dante Alighieri

На крајот, неговата голема желба да има апсолутна власт му донесе неодобрување и од католиците. Dante Alighieri Boniface го поставил во осмиот круг на пеколот, дури и пред Boniface да почине.