Дефицитот на фолна киселина може да предизвика анемија

108

Еден од најважните витамини, особено за женското здравје е фолната киселина. Таа е позната уште како витамин В9 и припаѓа на групата на витамините кои се растворливи во вода. Фолната киселина учествува како коензим во различни биохемиски реакции во организмот.

Кога има недостиг на фолна киселина, тоа може да доведе до голем број здравствени проблеми, како мегалобластна анемија, дефекти на невралната цевка кај развојот на фетусот кај бремени жени, зголемување на нивото на хомоцистеинот и други.

Мегалобластната анемија предизвикана од дефицит на фолна киселина се должи на нарушувања во процесот на создавање на “здрави” еритроцити. Во овој случај наместо нормални, коскената срцевина произведува нефункционални еритроцити. Бидејќи тие се одговорни за транспортот на кислород, а нивната продукција е нарушена, се појавува анемија.

Што може да предизвика појава на овој вид анемија?

Постојат неколку причини за појавата на анемија предизвикана од дефицит на фолна киселина:

Неправилна исхрана. Често недостатокот на фолна киселина се должи на нездрава исхрана или мени, сиромашно на одредена храна богата со витамини.

Малапсорпција. Постојат некои здравствени проблеми, како Кронова болест, целијачна и други, кои можат да доведат до фолатен дефицит.

Зголемена потреба од прием на фолна киселина. Кај други здравствени нарушувања се зголемува потребата на организмот од прием на фолна киселина. Тие можат да бидат физиолошки (при бременост, раст и развој за време на пубертетот) или патолошки (хемолитична анемија, тумори, хронична дијализа и дру ги).

Земањето на некои лекови , исто така може да е причина за недостиг на фолна киселина.

Кои се симптомите , кои можат да помогнат при за присуството на овој вид анемија?

  • слабост
  • нерасположение
  • бледило
  • отежнато дишење
  • палпитации
  • вртоглавица
  • намалена концентрација
  • намален апетит
  • пад на телесната тежина
  • раздразливост
  • дијареа и други

Анемијата предизвикана од недостаток на фолна киселина има слични симптоми на анемија предизвикана од дефицит на витамин Б12 .

Како да го намалите ризикот од појавата на мегалобластна анемија?

Најдобро е да го направите преку редовната консумација на храна богата со витамини , како спанаќ, брокула, агруми, мешунките и други. Може да се консултирате со вашиот лекар и за регулиран прием на додатоци во исхраната збогатена со фолна киселина.