Луѓето од иднината | Еве као ќе изгледаме за 1000 години – Видео

2178

Луѓето почнале да пијат млеко пред 10.000 години, додека во иднина не ќе имаат потреба од храна за живот. Во 150 години израснале за 10 см, а ќе бидат уште повисоки.

Луѓето почнале да пијат млеко, пред 10.000 години, а денес, во просек се повисоки за 10 цм. од пред 150 години. Покрај тоа, животниот век е продолжен за 20 години во последните 65 години благодарение на развојот на науката.

Ова се само дел од резултатите на еволуцијата, а гледајќи ја целата историја на промени во умовите и телата на луѓето, научниците предвидуваат како животот на Земјата ќе изгледа во далечна иднина и во кои правци ќе напредува односно ќе ги регресира способностите и вештините на тогаш живите луѓе.

– За неколку децении компјутерите ќе ја достигнат брзината на човечкиот мозок – ќе се слуша и ќе памети.

– Во телото ќе бидат вградени роботи кои на луѓето ќе им ја зголемат способноста и вештините.

– Зградите ќе бидат градени со помош на микроскопски мали роботи – веднаш, а со иста брзина и ќе се уриваат.

– Благодарение на глобализацијата, од познати 7.000 јазици во светот, ќе се намалат на стотина.

– Луѓето ќе имаат природно потемна кожа, бидејќи УВ зрачење ќе биде повисоко.

– Поради повисоките температури на воздухот, луѓето ќе бидат многу повисоки за десетици илјади години.

– Ќе има повеќе мутации во вид на нови бои на очите, а засега и натчовечки способности.

– Родителите ќе имаат можност во текот на бременоста да изберат карактеристики за своето идно дете, а исто така ќе се спречуваат и болестите, но грешките скапо ќе се плаќаат во форма на нови болести кои би можеле да го збришат целото човештво. Но, ќе бидеме сигурни откако ќе почнеме да ја колонизираме вселената.

– Луѓето можеби ќе ја победат и смртта – со скенирање на атом по атом, а потоа тие информации ги пренесуваат во компјутер. Така би можеле да патуваат со брзина на светлината како информациски примероци, ослободени од своет тело и потребата за храна.

Погледнете го видеото кое открива што носи иднината: