Компирот зготвен на поинаков начин

141

Варениот компир понекогаш може да биде пресув, па затоа најчесто го подготвуваме како пире или го запржуваме во тавче.

За да подготвите поинаков, превкусен варен компир нема да ви биде потребно многу. Доволно ќе ви бидат само компири, кромид, ловоров лист, путер, сол и бибер.

Во вода ставете цели помали или исечени на пловина поголеми компири. Додајте една главица кромид, еден ловоров лист, сол и неколку зрна бибер.

Ставете ги состојките да се варат на средна температура.

Внатрешноста треба да биде мека, но внимавајте да не ги преварите компирите за да не се распаднат.

Кога компирите ќе се сварат исцедете ги и извадете ги сите додатоци што се вареле во водата.

Преполовете ги сè уште топлите компири, додајте 2-4 лажички путер на собна температура и зачинете со сол и со бибер.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.