Освен што wasabi е скап, не делува секој и треба да се втрие во скалпот, секое истражување за придобивките од зачините што го спроведува производителот на истиот зачин треба да се зема со голема доза на резерва.
Според истражувањата кои треба да се земат со голема резерва, тајната за стимулирање на растот на косата лежи во wasabi.
Студијата објавена од производителот на wasabi, Quinine, покажа дека лутиот зачин содржи високи нивоа на хемикалија позната по тоа што ги стимулира клетките во фоликулите одговорни за растот на косата на скалпот. Се разбира, секоја студија која ги прогласува придобивките од wasabi, а ја плаќа производителот на wasabi, веројатно треба да се земе со резерва.
Хемикалијата ги стимулира клетките
Хемикалијата изосапонарин, се објаснува, ги стимулира клетките на фоликулите да реагираат на надворешен стимул кој го стимулира растот на косата, предизвикувајќи развој на протеини кои создаваат патишта за хранливи материи за да ги хранат клетките, пренесува Unilad.
Претходните студии покажаа дека изосапонарин помага во производството на колаген кај луѓето, а сега истражувачите тврдат дека хемикалијата може да биде до три пати поефикасна од традиционалните третмани за губење на косата, како што е Regaine (миноксидил) во лекувањето на машката ќелавост.
Освен тоа, беше откриено дека хемикалијата 6-MSITC, која е одговорна за остриот мирис на растението wasabi, има сличен ефект врз папиларните клетки, а VICE објави дека исто така успешно го инхибира растот на клетките на ракот на дојката.
Неколку „кваки“
Но, има неколку кваки: првата е дека нема да ги видите придобивките ако го јадете. За да делува изосапонаринот, тој всушност мора да дојде во контакт со човечкиот скалп, што значи дека треба да го триете на вашата глава.
Второ, секое wasabi нема нужно да успее – според студијата, потребно е свежо јапонско wasabi, кое не е лесно или евтино да се набави. И сето тоа за благо зголемување на шансите за малку коса повеќе.