Децата уште во детството се изложени на цигари, алкохол и дрога – пороци кои младите ги промовираат како „кул работи“
Родителите затоа, повеќе од кога и да е мораат да разговараат со своите деца за болестите на зависност.
Но како да се почне ваквиот разговор? Експертите сметаат дека со оваа проблематика децата најдобро е да се запознаат уште од предшколската возраст, а дека секојдневните ситуации ќе ја надоградат приказната за опасностите.
Истражувањата покажуваат дека децата, кои невреме се информирани за дрогите се во помало искушение.
Деца до седум години
Во овој период децата се силно врзани за домот и за се бараат одобрение од родителите. Затоа ова е вистинското време да ги научите на хигиената, здравата исхрана, но и за донесување одлуки за решавање на проблемите. Важно е да се разговара со децата за здравиот начин на живот, за тоа колку убаво ќе се чувствуваат доколку доволно спијат, дека ќе можат со часови да трчаат и да скокаат доколку се хранат здраво.
Научете ги дека самите се одговорни за своето здравје и дека белите заби и свежниот здив зависат од личната хигиена. Објаснете им кои се опасните супстанци во нивното опкружување и зошто е важно лековите никогаш да не ги земаат на своја рака, а што се однесува до цигарите родителите се најдобар пример. Доколку пушат веројатно и детето ќе го следи тој пат.
Училишна возраст
Вашиот мал принц или принцеза во овој период треба да знаат како се чувствувате во врска со конзумирањето на тутун, алкохол и дроги. Фокусирајте се на сегашноста, бидејќи идните последици за нив немаат никакво значење. Ставете им до знаење дека ќе им биде мошне тешко да играат кошарка, доколку се под дејство на алкохол.
Разговарајте со децата за пораките, кои ги испраќаат филмовите, сериите. Тешките и трагичните приказни нека им послужат да ги сфатат последиците и лошата страна на пороците.
Продолжува на страна 2