Време ти е да се омажиш, кога ќе раѓаш деца? Една девојка остро одговори зошто не сака да се омажи!

799

Ако се прашувате од каде толку формални, оштетени, нескладни односи, лоши бракови и несреќни лица – одговорот ви е пред носот. Брзале да стапат во брак и завршиле во имитирање на среќен живот со маж за кого дури и не знаат дали го сакаат и дали навистина сакаат да го споделат животот со него. 

“Ако уште некој ми каже: “Време ти е”, ќе излезам од сопствената кожа. Каде тоа пишува, и што воопшто значи и како воопшто некој може да знае кога мене ми е време? Ваквата изјава посебно ме чуди, дури и кога излегува од усните на баби, тетки и примитивни сосетки кои останале да живеат во некое далечно минато, во “посреќените” времиња кога единствената цел и успех било да се омажиш. Бракот сам по себе, а потоа и раѓањето, претставувале врвен идеал сам за себе и смислата на животот на секоја жена “, ја започнува својата приказна револтираната Белграѓанка.

“За жал, во 21-от век, во 2015 година повеќето луѓе веруваат во оваа приказна. Во таа теорија дека животот на жената се сведува на брак и раѓање што е можно побрзо, за да не ѝ се припише терминот “баба-девојка” или некое подеднакво бесмислено и глупаво име, кое всушност само открива колку сме сѐ уште примитивно општество.

Ако се прашувате од каде толку формални, оштетени и неприкладни односи, лоши бракови и несреќни единки – одговорот ви е пред носот. Трчале да се омажат, или под притисок на околината или заради навиките да останат во некоја долга, неквалитетна врска; дали заради непочитување на самите себе и поимот љубов, или пак од страв дека ќе останат сами и последниот воз ќе им замине; дали поради  (не)планирана бременост… Трчале, се залетале и завршиле во имитација на среќен живот со маж кој воопшто не го познаваат и не сакаат да го споделат живот со него.

Еве, се колнам, јас нема да ве лажам, не ретко ќе го слушнам прашањето: “Кога ќе се омажиш” или “Кога ќе најдеш некој за сериозна врска?”. Кога велам дека чекам човек кој ќе ме сака и кого вистински ќе го сакам и со кој ќе можам да изградам пристоен живот, всушност дека не ми е цел само да се омажам, туку среќно да се омажам, во главно или го премолчуваат мојот одговор, или пак од оние похрабрите добивам некои од следните коментари: “Немаш многу време за губење”, “Премногу бираш”, “Љубовта се гради со текот на времето”, “А кога планираш да раѓаш деца, веќе имаш 27 години?” …

Да ве прашам нешто вас похрабрите:

Продолжува на страна 2