Време ти е да се омажиш, кога ќе раѓаш деца? Една девојка остро одговори зошто не сака да се омажи!

1995
  1. Кој некогаш ја утврдил границата кога девојките треба да се омажат? И што значи тоа дека јас немам време за губење? Дали тоа значи дека треба да се омажам за првиот кој ќе ме побара? Каков живот ме чека после тоа? Каква иднина градам за себе?
  2. Што значи тоа дека премногу бирам? Ако чекаш на заемна љубов со квалитетен човек, со кој ќе можеш да планираш убав и исполнет живот, дали тоа значи дека премногу бираш? Дали тоа значи дека треба да гледаш низ прсти и да го трпиш она што не би го трпела никогаш, само за да бидеш мажена жена? Па, со среќа со тој став и никогаш не заборавајте – самите ги правиме своите избори!
  3. Во ред, јас го почитувам ставот дека не постои љубов на прв поглед и дека не се исплати да чекаш. Можеби сум само премногу романтична. Но, не можам да се потпирам на идејата дека за неколку години ќе засакам некој кој не сум успеала да го засакам во првите неколку месеци. Секако ќе изградиш некакви емоции на љубов, почит и навика ако долго споделуваш живот со некого, но дали ќе го запалиш вистинскиот пламен на љубовта? Ма ајде, ве молам …
  4. Тука е и прашањето за децата … Не знам зошто како нација го сведовме поимот брак на поимот деца. Ми се чини дека браковите би биле подобри и поуспешни кога луѓето би сфатиле дека тоа треба да биде заедница на двајца партнери, кои заеднички ја делат радоста, љубовта и подемите и падовите, а не договор за продолжување на лозата. Децата би требало да се плод на таа љубов и заедништво, а не плод на себична желба да создадете “мини копија” од вас и сосема да заборавите на сопружникот. Биолошкиот часовник е веќе излитен поим, за него не сакам да трошам зборови.

Не, јас нема да се омажам на 27-мата за некој кој не го сакам најмногу на светот, само за околината да мисли дека ја исполнив својата “животна мисија”. Не сакам да се разбудам едно утро во 35-тата очајна, затоа што не сум лудувала, излегувала, патувала доволно, не сум се смеела, не сум си угодувала сама на себе, затоа што сум брзала да станам жена и сопруга пред време. Нема да ги поминам следните 60 години како домаќинка, сопруга и мајка. Не сакам.

Сакам да бидам центар на мојот свет. Сакам да сакам некој од длабочината на мојата душа и да не бидам оптоварена со брачните проблеми и со секојдневниот живот. Сакам да танцувам, пеам, да скокам, да носам кратки шорцеви и уште пократки здолништа, да се будам во 12 часот попладне за време на викендите, сакам да излезам во кафеана, ако ми се излегува, сакам да пијам кафе со пријателките и да имам луд секс со партнерот секој ден, сакам да читам книги до бесвест и да ги изгледам сите нови филмови. Сакам да го живеам животот во потполност и да не се грижам што ме чека валкана куќа, неизмиени судови или расплакано дете.

“Животот не е часовник – никаде нема да задоцниш ако го слушаш своето срце и го следиш она што те прави среќна”, завршува девојката.

(stil.kurir.rs)

16.12.2015. Автор: B92

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.