Што значи блиска врска на мајката и синот

403

Односот на момчето и неговата мајка се менува со растењето на детето, а начинот на кој тој однос се менува може да влијае на неговото однесување во пубертетот, покажаа резултатите од една понова студија, објавена во списанието „Чајлд девелопмент“.

Студијата вклучувала 265 парови мајки и синови од сиромашните семејства во Питсбург, кои се следени од петтата година на животот на детето, па се до пубертетот.

Научниците ги оценувале нивните судири и топлината меѓу мајката и синовите, како и другите аспекти на нивниот живот, како темпераментот на синот и однесувањето, врските на мајката со нејзиниот романтичен партнер и квалитетот на мајчинството.

Мајките на синовите со мошне тежок темперамент во периодот на раното детство изјавиле дека нивниот однос со синот подразбирал многу судир и намалено ниво на блискост со текот на времето.

Студијата исто така откри дека мајките, кои имале добар однос со своите романтични партнери често пати формирале и блиска врска со своите синови, кои траеле во текот на детството и пубертетот.

Момчињата кои често се расправале со своите мајки, почесто се впуштале во деликвентни форми на однесување за време на пубертетот, додека момчињата кои имале блиски врски со мајките, почество имале добри односи со своите најдобри пријатели за време на тинејџерските години.

– Овие резултати укажуваат на тоа дека успешното прилагодување во периодот на транзиција од детството во адолесценцијата може да подразбира дека родителите и децата треба да одржуваат релативно високо ниво на блискост и да го намалат конфлктот во нивниот однос, истакна авторот на студијата Кристофер Трентакоста, професор по психологија на Универзитетот Вејн Стејт во Детроит.