Додека сте на плажа внимавајте на влажните крпи и костими за капење  

1445

Кога читате статии за предизвикувачи на цистит, сигурно си мислите дека нема токму вас да ве снајде тоа. Но, опасноста е поблиску отколку што ви се чини.

Воспалението на мочните канали е зачестено во лето, особено во периодот кога сте на летување, бидејќи останувате долго со мокриот костим за капење и лежите на влажните крпи на плажа.

Жените се поподложни на вакви инфеции бидејќи нивниот мочен канал е краток, а во близина е и анусот, а влажната подлога создава идеални услови за инфекции и зарази, дури и кога немате физички допир со контаминирана површина.

Првите симптоми се зачестено и болно мокрење, печење, чувство на полн мочен меур, промена во бојата на урината или непријатен мирис.

Аларм дека морате итно на лекар е појавата на крв кога се бришете, а сте сигурни дека не се работи за месечен циклус. Доколку уште се појави и висока температура, тогаш итно морате на болничко лечење, бидејќи веќе инфекцијата се проширила во вашиот абдомен и бара третман со соодветен антибиотик.

Главниот виновник за најголемиот број уринарни инфекции е бактеријата ешерихија коли. Ваквите состојби бараат лечење и на партнерот, доколку сте сексуално активни, како и натамошна контрола, за да бидете сигурни дека инфекцијата е излечена.