Што ќе научите за својот партнер додека сте бремена?

961

Бременоста не е само време, во кое идните родители ќе се прилагодат на промената која ќе дојде со бебето.

Тоа е период во кој жената може да научи многу нешта за својот партнер. Додека фокусот е во нероденото дете, жената може да го следи својот сакан маж и да разбере некои факти за него.

Еве ги и 6-те работи кои таа ќе ги разбере за мажот во 8-те месеци бременост:

Како реагира во медицински процеси

Во овие месеци ќе одите по прегледи, ќе давате крв и најверојатно партнерот ќе ве придружува. Ќе видите како тој реагира на болнички мирис и атмосфера. Така двајцата ќе процените дали е добра идеја таткото да присуствува на раѓањето на бебето.

Како се справува со непроспиени ноќи

Речиси секоја бремена жена страда од некоја непроспиена ноќ, која не може да се спореди со оние по раѓањето на бебето. Овие ноќи ќе се нешто како тест за тоа што ве чека како пар откако ќе станете родители. Ако вашиот партнер ви прави друштво во текот на ноќта и сочувствува сега, сигурно ќе станува ноќно време да ви помага и во грижата за бебето.

Продолжува на страна 2