Што ќе научите за својот партнер додека сте бремена?

1737

Како реагира при психичко оптоварување

Ако вашиот партнер се грижи за вас за време на утринското гадење, нелагодност на бременоста контракциите и т. н. и ви дава физичка и психичка поддршка, значи тој ќе ви биде вистинска потпора за време на одгледувањето на вашето дете.

Како се справува со несигурноста

Создавањето и раѓањето на едно бебе е прашање со многу непознати. Во 9-те месеци од бременоста ќе дознаете дали имате до себе сигурен партнер кој може да се прилагодува на промените лесно и да ги прифати новите предизвици со позитивизам.

Колку овој човек ви е близок духовно

За време на некои фази на бременоста, како и веднаш по раѓањето на бебето, вашиот сексуален живот со партнерот ќе се промени. Ќе видите дали тој бара други начини да ви покаже интимност и блискост и дали продолжува да ве тера да се чувствувате секси, иако вие самата не се чувствувате така. Ако тој се обидува да се поврзе со вас на интимно ниво без физичка блискост, значи вие навистина имате духовна врска меѓу себе.

Што значи семејството за него

Во периодот на бременоста ќе дознаете повеќе за системот на вредности на својот партнер, за традициите до кои тој држи и т.н. Цело ова време ќе сфатите дали овој човек навистина е подготвен да се посвети на своето ново семејство и дали ја очекува со нетрпение новата улога на татко.