Уморни од постојаната фраза “ама што правиш ти по цел ден?” Ryshell Castleberry од Флорида, одлучи да напише и објави на Фејсбук во чест на сите мајки кои го посветија животот на децата и домот.
Објавата буквално експлодира. Во моментот добила повеќе од 640.000 лајкови, а текстот е поделен повеќе од 300.000 пати. Можеби ви изгледа дека оваа бројка е висока, но таа не е доволна. Овој текст би требало да го прчитаат сите луѓе од целиот свет за мајките навистина да бидат почитувани поради своите огромни жртви, и сето тоа за доброто на своите деца и семејството.
Меѓутоа, не сите се согласиле со нејзината објава. Од некои мајки кои работат добила и критика, со додавање на објава: “Не има кои тоа го прават и работат.”
Castleberry се обиде да ја одбрани својата објава велејќи: “За да сите мајки кои работат или татковци кои работат или било кој друг, ја прочитаат пораката на текстот, би требало да ги заменат зборовите со зборови кои се вклопуваат со нивната ситуација.”
Сѐ започна со хипотетичка ситуација во која маж се жали на својот психолог дека неговата “жена не работи.”
По разговорот помеѓу еден маж (М) и неговиот психолог (П):
П: Со што се занимавате г-дин Роџерс?
М: Јас работам како сметководител во банка.
П: А вашата жена?
М: Таа не работи, таа е домаќинка.
П: Кој подготвува појадок за вашето семејство?
М: Жена ми, затоа што таа не работи.
П: Кога станува наутро вашата жена?
М: Рано станува, мора да се организира. Подготвува ручек за децата. Се грижи добро да се облечени, исчешлани … По појадокот, миење на забите, па го подготвува приборот за на училиште. Во утринските часови се буди со нашето бебе, на кое треба да му се преслечат пелените и да се облече. Додека го дои бебето, подготвува појадок за сите.
А листата на задачи што ги врши секој ден, не застанува тука …
П: Како вашите деца одат на училиште?
М: Жена ми ги вози на училиште, бидејќи таа не работи.
П. Откако ќе ги остави на училиште, што тогаш работи вашата жена?
М: Најчесто, прво ќе размисли што од каде треба да почне, па оди до банка да ги плати сметките, па со бебето до продавница. А понекогаш и ќе заборави да купи нешто, па со бебето повторно се враќа во град . Кога ќе дојде дома, го пресоблекува бебето, ќе му зготви еден оброк, па повторно го дои и тогаш ќе го заспие. И додека бебето спие, таа оди во кујна и тргнува подготовката околу ручекот, перење алишта, пеглање, чистење на куќата. А, знаете, таа не работи.
П. А вие, откако ќе се вратите дома после работа, што правите?
М: Одморам, се разбира. Па, јас сум уморен после целодневната работа во банката.
Ова е дневна рутина на многу мајки ширум светот, почнувајќи од утринските часови и трае до доцна во ноќните часови … И тогаш некој ќе каже дека “таа не работи” ???
Нема диплома за домаќинка, но таа има клучна улога во семејниот живот!
Уживајте и почитувајте ги вашите жени, мајки, баби, тетки, сестри, ќерки … Бидејќи нивната жртва е непроценлива.
Gepostet von Ryshell Lynch am Mittwoch, 20. Januar 2016
Потоа, Ryshell напиша листа на сите занимања на мајките …
Откако некој ја праша: дали работиш или си домаќинка?
Таа одговори: Јас работам како мајка дома 24 часа на ден …
Јас сум мајка,
Јас сум жена,
Јас сум ќерка,
Јас сум аларм,
Јас сум готвач,
Јас сум слугинка,
Јас сум господар,
Јас сум келнерка,
Јас сум дадилка,
Јас сум медицинска сестра,
Јас сум физички работник,
Јас сум чувар,
Јас сум советник,
Јас сум непријател,
Јас немам годишен одмор,
Немам дозвола да бидам болен,
Јас немам слободен ден,
Јас работам и дење и ноќе,
Јас сум на должност цело време,
Ја не примам плата …
Но, и покрај сето ова, јас и понатаму го слушам прашањето: “Што правиш ти по цел ден?”