Нешто чудно се случува во Сибир, а причината за тоа е навистина загрижувачка

1101

Новинарот на Би-Би-Си, Стив Розенберг, отпатува во сибирскиот регион Јакутија за да испита какви големи чудни испакнатини се појавуваат на површината на земјата, која инаку е постојано замрзната.

Розенберг сакаше да испита како топењето на мразот влијае не само на климата, туку и на пределот и животот на луѓето во Сибир.

Научниците веќе извесно време предупредуваат дека огромните области во Сибир, кои инаку се замрзнати во текот на целата година, без оглед на сезоната, полека се топат. Последиците за климата можe да бидат крајно опасни.

Овие „испакнатини“ на површината на земјата се опишани како „белези од климатските промени“. Поради топењето на мразот, дел од земјата „колабира“ пониско, а имајќи предвид дека некои од тие испакнатини се полни со вода, последицата е создавање големи езера.

Сето ова е доказ дека зголемувањето на температурите драстично ги менува сибирските региони.

За луѓето што живеат таму, тоа има многу конкретни последици – помали површини за пасење на добитокот, но и отежнато движење.

Во вечниот мраз, имено, има многу органски материјал – грмушки, трева и слично. Што се случува кога трајниот мраз се топи? Органскиот материјал содржан во него содржи многу гасови, а кога ќе се стопи мразот, овие гасови одат во атмосферата и го засилуваат ефектот на стаклена градина, што значително придонесува за климатските промени.

Покрај тоа, огромните шумски пожари оваа година во Сибир придонесоа за топење на мразот, сè до Арктичкиот круг, што го прави проблемот уште полош.