Палачинки со вкус на кафе

1423

Прекрасен десерт кој ќе ви го направи денот поубав, пробајте ги овие превкусни палачинки…

Потребно

  • 80 г брашно
  • 1 лажица шеќер
  • 1 лажица инстант кафе
  • 1 лажичка ситно рендано чоколадо
  • 2 јајца
  • 1 жолчка
  • 20 г растопен путер
  • млеко по потреба
  • прстофат сол
  • шлаг
  • цимет
  • овошје (по желба)

Подготовка

  • Во еден сад измешајте ги брашното, шеќерот, кафето, чоколадото и солта.
  • Во друг сад измешајте ги јајцата и жолчката и потоа додадете го растопениот путер.
  • Измешајте ги двете смеси и пополека дур мешате додавајте млеко.
  • Оставете ја сместа да отстои еден час.
  • Палачинките пржете ги на путер.
  • Готовите палачинки служете ги со шлаг и цимет.
  • По желба додадете и некое овошје.