Дали и вие вака ја сушите вашата коса?

1414

Постојат големи шанси дека вашата рутина за сушење на косата е следнава: Исушете ја што побрзо и излезете, но ние ви нудиме одличен трик.

Но, има еден дел кој веројатно го заборавате и кој може драстично да го подобри изгледот на вашата коса и квалитетот на влакната, како и да го спречи делењето и оштетувањето на врвовите.

Во продолжение прочитајте за што станува збор и зошто е важно да ги потрошите тие дополнителни 30 секунди на овој трик.

Што треба да направите

Исушете ја косата како што го правите тоа вообичаено. Во оној момент кога ќе забележите дека косата е околу 90% сува, префрлете се на опцијата за сушење со ладен воздух и така досушете ја.

За да имате повеќе волумен на темето, подигнете неколку прамени коса од тој дел и насочете го ладниот воздух кон корените.

Како функционира

Топлиот воздух го забрзува процесот на сушење на влакната и ви овозможува да дадете која било форма на косата која што ја посакувате, независно дали е права, виткана, раздвижена или префрлена наназад.

Ладниот воздух пак од друга страна, ги затвора кутикулите од косата и на тој начин го зацврстува избраниот изглед и додава дополнителен сјај.