Тинејџерка ги тужи родителите поради фотографии од нејзиното детство објавени на Фејсбук

168

Една Австријка ги тужи своите родители, затоа што на Фејбук објавиле нејзини фотографии од детството.

Оваа 18-годишна ученичка од австриската покраина Корушка се изнервирала, затоа што нејзините родители од 2009 година, па досега поставиле повеќе од 500 фотографии од нејзиното детство на Фејсбук.

– Иако јас тогаш имав 11 години, тие, поставиле фотографии од кога сум била бебе. Не се засрамиле и немаа граници за тоа. Дали седам на нокшир или сум гола во креветче, секој мој чекор е фотографиран и дополнително објавен, обвинува девојката.

Покрај тоа, како што истакнува, родителите никогаш не ја прашале дали за неа тоа е во ред.

– За жал, ги видов тие фотографии кога на 14 години сама отворив Фејбук, објасни таа додавајќи дека нејзините родители тогаш веќе имале 700 пријатлеи кои секојдневно можеле да ги гледаат нејзините слики од детството.

Кога од нејзините родители побарала да ги избришат објавените 500 фотографии, тие го одбиле тоа.

Затоа таа вели дека немала друга можност, туку да ги тужи родители, на кои им се заканува парична казна во висина меѓу три и десет илјади евра, поради кршење на законот за заштита на лични податоци.