Кошмарите и нивното значење

248

Согласно експертите, соновите се класифицираат како приказни кои ги раскажува нашиот мозок за време на спиење.

Сепак поголемиот дел од тие приказни не се пријатни. Кошмарите се многу чести кај голем број на луѓе, а знаат да бидат и измачувачки.Експертите сметаат дека кошмарите и не се така лоши, бидејќи тие содржат определена порака која треба да ја разбереме.

Согласно веќе зачнатата тема, прочитајте што имаа да кажат повеќе експерти на неколку прашање кои се поврзани со соништата.

Зошто имаме кошмари?

Кошмарите се начин на кој вашиот мозок се соочува со определена непријатна ситуација во вашиот живот. Повеќе кратен кошмар произлегува од определена тешка ситуација со која што сте соочени во реалниот живот.

Повеќето од соновите се јасни, но некои содржат определени симболи чие што значење треба да го интерпретираме.

На пример ако постојано започнувате врски со токсични луѓе, најчесто вашите кошмари ќе бидат исполнети со змии. Луѓето кои немаат доволна самодоверба односно кои не се вреднуваат себе си најчесто завршуваат со репетиторни кошмари. Колку е поголема омразата према себе си толку се поголеми и почести кошмарите.

Како да ги спречите кошмарите?

Со цел да ги спречите ужасните кошмари, подгответе се да лоцирате каде лежи проблемот. Во зависност од тоа колку ви се тешки кошмарите, можете да пробате некоја од овие техники:

  • водење дневник ( во кој ќе ги запишувате соновите и активностите низ денот)
  • запишување на сонот
  • избегнување на телевизија пред спиење

Кога треба да побарате помош од професионалец?

Доколку не успеете да го решите проблемот со кошмарите, треба да побарете соодветна стручна помош. Ако неколку дена во неделата вие имате кошмари, или кога кошмарите ви го попречуваат вашето дневно функционирање, треба да знаете дека е време за професионална помош. Ова подразбира и заспивање на работа како и избегнување на спиење .

Многумина препочаруваат и посета на психијатар, со цел да ви помогне да го откриете коренот на вашиот проблем.