ДА ТИ СЕ СВРТИ ЖЕЛУДНИКОТ | Знаете ли што прават мувите кога ќе слетаат на вашата храна? Бактериите на стапалата се најмал проблем…

1457

Научниците засега знаат дека мувите можат да пренесат ешерихија коли, салмонела, хепатитис А и ротавирус, како и други микроби кои предизвикуваат дигестивни проблеми, но колку време е потребно за такво нешто?

Постојат најмалку 100 различни патогени кои можат да ги носат домашните муви, како бактерии, вируси и јајца од паразити, вели д-р Thomas J. Daniels, директор на Лабораторијата на Центарот Louis Calder на Универзитетот Fordham, пишува The Healthy.

Микробите на стапалата се најмалиот проблем

Откако мувата ќе ги собере бактериите, може да ја шири болеста на неколку начини. Бактериите и вирусите од местото на слетување се лепат до телото на мувата и малите влакна на нозете, вели Daniels. Кога ќе одлета и ќе слета на друго место, како на вашата храна, остава некои од тие бактерии зад себе.

„Значи, ние сме потенцијално изложени на ризик од инфекција дури и од една домашна мува кога ќе падне на нашиот оброк, иако количината на патоген што ја носи веројатно е мала“, вели д-р Daniels

Треба да бидеме повеќе загрижени од повраќањето на мувите.

„Кога мувата ќе слета на вашиот оброк, таа не грицка мали парчиња храна од вашата чинија. Наместо тоа, инсектот ги повраќа своите дигестивни сокови на храната за да ја разгради доволно за да ја проголта во течна состојба“, вели д-р Даниелс.

Повеќе бактерии има во повраќаниците на мувата

Тоа, сепак, не е најлошиот дел од овој процес.

Имено, повраќаницата на мувата е полна со бактерии од последниот оброк. А патогените во мувата живеат подолго од оние што таа во меѓувреме ги собрала со нозете, па затоа микробите од повраќањето на мувата се најопасни за нас од сите други.

Некои од бактериите кои мувите ги оставаат зад себе се доста опасни. Досега, научниците знаат дека мувите можат да пренесат ешерихија коли, салмонела, хепатитис А и ротавирус, вели д-р Brent W. Laartz, специјалист за заразни болести и автор на книгата “Како да се избегнат заразните болести“. Исто така, постои и Shigella, група на бактерии кои можат да предизвикаат дијареа, треска и болки во стомакот, што е особено загрижувачко бидејќи не е потребно многу за оваа бактерија да предизвика болест кај луѓето.

Но, пред да почнете да ја фрлате целата храна на која слетала мувата, имајте на ум дека секоја мува нема да ги носи сите или било кој од овие бактерии. Микробите спомнати погоре се главно фекални бактерии и вируси, кои не постојат на сè што јадат мувите.

„Мувата ќе мора да слета на сурово месо или измет за да ги пренесе овие бактерии и вируси во вашата храна“, вели д-р Laartz.

Една мува не прави инфекција?

Колку е почиста вашата кујна, толку помали се шансите мувата да ги собере пред да го изеде вашиот оброк. Плус, само една мува на вашата храна не значи дека ќе се разболите од нејзините бактерии.

„Во зависност од тоа колку микроб носела мувата, колку долго имало на вашата храна и колку е силен вашиот имунитет, можеби никогаш нема да се заразите“, вели д-р Daniels.

Значи, ако една осамена мува слета на вашата храна еднаш,а вашата куќа е чиста, веројатно е безбедно да продолжите да ја јадете вашата храна. Поголема грижа би била доколку се наоѓате во средина полна со инсекти, како што е, на пример, пикник во природа. На крајот на краиштата, колку повеќе муви слетаат на вашиот оброк, толку повеќе бактерии можат да остават зад себе.

„Покријте ја храната пред да почнете да јадете“, советува д-р Laartz, кој предлага да користите крпа или друга чинија за оваа намена.

„Ако видите муви како зујат околу храната што сте ја оставиле непокриена некое време, најдобро е да ја фрлите ако се грижите за вашето здравје и за здравјето на вашите најблиски“, советува д-р Daniels.