Македонија – Јапонија 38-29 на СП 2019 во Германија/Данска | Распоред на натпреварите

495

Нашите ракометари ја победија ракометната репрезентација на Јапонија со 38-29 (18-13) во првиот натпревар од групата “Б” на Светското првенство, меч кој се одигра во Мунхен. 

Нашите играчи пред почеток на натпреварот се сметаа за фаворити, но на почетокот  резултатот беше во корист на јапонците (4-3), кога ги земавме конците во наши раце, а во 17 минута дојдовме до 5 гола предност (5-10).

До крајот на натпреварот не беше доведена во прашање нашата победа, но треба да им се честита на јапонците за нивната брза игра од која нашите играчи немаа мира.

Најпрецизен во нашата лига беше Лазаров со 8 голови, додека Манасков следеше со 7. Борко Ристовски беше одличен на голот со 20 одбрани. Кај поразениот тим, Ваканабе и Шида реализираа по четири гола.

За играч на натпреварот беше прогласен Стојанче Стоилов, кој реализираше 7 гола.

Следниот меч за нашата репрезентација е во недела од 14 часот со Бахреин.