Знаци дека организмот е дехидриран

1916

Кога организмот е силно обезводнен, можно е да страдаме од крвни згрутчувања и дури од напади.

Лесните нивоа на дехидрација може да го намалат нивото на енергијата.

Затоа треба да ги знаеме раните знаци кои го издаваат недостигот на вода во организмот.

Симптоми…

Жед

Силната жед е меѓу највидливите и препознатливи знаци на дехидратацијата. Ова е начинот на телото да ни каже дека ни недостасува вода.

Сувата кожа

Во присуство на дехидратација, нема доволно волумен на крвта и кожата изгледа како изгорена. Ако страдаме од сува кожа и чешање, препорачливо е да се консултирате со лекар.

Лош здив

Дехидрацијата е причина за намалено создавање на плунка. Недоволната плунка во усната шуплина доведува до зголемен бактериски раст и затоа до лош здив.

Мокрење поретко

Дехидрираниот организам не чувствува потреба да уринира почесто. Во однос на урината, треба да се следи и за бојата, па портокаловата и темножолта боја се знак на дехидратација. При адекватно количество вода урината треба да биде светложолта и бистра.

Вртоглавица

Можно е да доживееме лесна вртоглавица кога сме обезводнени. Тоа е последица на намалените нивоа на енергија, поради недостигот на течности.

Запек

Тој исто така е меѓу вообичаените знаци на дехидратација. Недостатокот на вода може да го спречи регулирањето на процесите поврзани со дефекацијата, што доведува до запек.