Еве зошто не треба да објавувате фотографии од вашите деца на Фејсбук

1849

Во ерата на социјалните мрежи многу луѓе се соочуваат со таа неодолива желба да објавуваат фотографии од нивните деца на Фејсбук за да покажат колку се тие слатки, паметни и колку се горди што се родители.

Но, малкумина размислуваат дека оваа навидум безопасна активност може да предизвика опасност за нивното семејство. Секојдневно читаме за сексуални напади врз малолетници кои можат да се случат буквално секаде. Живееме во многу опасно време и добро е да се преземат некои мерки на претпазливост за да го заштитите вашето дете и да не го изложувате на дополнителен ризик.

Целта не е да ја нахраниме вашата параноја или да ви го наметнеме мислењето дека никогаш не треба да ги покажувате децата во јавност. Ова се само неколку предлози како да не ги преминете разумните граници на нормалата со вашето однесување на социјалните мрежи. Во продолжение прочитајте кои се тие…

Не ја покажувајте вашата локација кога објавувате фотографии

Без разлика дали се работи за нивното училиште, сала за вежбање или место каде што се дружат со другарчињата, не е добра идеја да објавувате информации кои откриваат каде е вашето дете и што прави таму. Некој може да ја искористи таа информација за злонамерни цели и да дознае каде може да го најде вашето дете.

Не објавувајте фотографии кои откриваат кои се хобијата и интересите на вашето дете

Ако некој дознае што сака да прави вашето дете, ќе му биде многу полесно да го измами и да го доведе во опасна ситуација, каде и да оди.

Избришете ги сите фотографии кои можат да ги откријат официјалните информации за вашето дете

Можеби ова ќе ви се чини очигледно, но сите сме виделе луѓе како се фалат со нивната нова виза, пасош или други важни документи кои ги добиле, обично придружено со фотографија. Кога се работи за децата, нивните официјални информации можат многу лесно да бидат искористени за да се дознае каде живеат и учат.

Не објавувајте фотографии од вашите деца сликани до автомобил

Ова повеќе се однесува за безбедноста на родителите отколку на децата. Освен тоа што на потенцијалните криминалци им нудите информации за автомобилот што го поседувате, може да си направите дополнителни проблеми. На пример, родителите на фотографијата погоре завршиле во затвор откако ја објавиле оваа слика на Интернет.

Продолжува на страна 2