Никогаш не објавувајте слики од вашите деца кога се полу голи, без разлика колку слатко и невино ви изгледаат
Можеби вам и на вашето семејство ваквите фотографии ви изгледаат смешно и слатко, но замислите си како луѓето со одредени ментални заболувања гледаат на нив. Станува збор за една сосема поинаква перспектива на работите.
Не споделувајте фотографии поради кои еден ден вашите деца ќе се чувствуваат засрамено
Во многу семејни фото албуми има слики поради кои децата се чувствуваат комплетно омаловажено и засрамено иако тоа воопшто не била намерата на нивните родители. За многумина не постоела можноста да ги покажуваат сликите од нивните бебиња на Интернет. Така што, би требало да водите сметка во овој случај. Мора да го земете предвид фактот дека за вашите деца таквите фотографии можат да се претворат во совршен компромитирачки материјал кој ќе биде искористен за нивно задевање многу години подоцна.
Одбегнувајте да објавувате фотографии од вашите деца кога се со други деца
Пред да објавите училишна фотографија од вашето дете со неговите соученици, размислете дали на родителите на другите деца би им пречело да ја објавите фотографијата или не. Покрај сѐ, тие не се ваши деца, не се грижите вие за нив и не ќе треба вие да се справувате со негативните последици кои можат да произлезат од тоа што нивниот идентитет ќе биде откриен на Интернет.
Секогаш имајте на ум дека кога објавувате фотографии од вашите деца на социјалните мрежи, дури и кога се споделени само со вашите пријатели, тие повеќе не ви припаѓаат само вам и можат да бидат искористени од секој што може да ги види за негови цели. Бидете внимателни и безбедноста на вашите деца секогаш нека ви биде приоритет.



















