Дали страдате од цревни проблеми?

1232

Како почнува и како завршува еден ваш ден? Чувствувате ли некаква непријатност, како запек или дијареа, замор, гасови и болки во стомакот?

Постојат многу изненадувачки знаци со кои телото сугерира дека е време да се обрне внимание на здравствената состојба на цревата.

Еве што треба да се има предвид.

Тешко слабеење и особено околу половината

Има едно едноставно објаснување зошто напорите за вашата фигура не се исплатат. Состојбата на цревата е директно поврзана со метаболизмот. Ако нивната флора е нарушена или страдате од други цревни проблеми, тогаш тие не можат ефикасно да ги разградат прифатените масти и јаглехидрати.

Како резултат на вишоците, метаболичкиот отпад може да се чува како масно ткиво, која обично се акумулира околу половината.

Често боледувате

Во 70% од случаите, состојбата на цревата е директно поврзана со имунитетот. Тоа значи дека ако не се во добра здравствена состојба, може да сте повеќе подложни на вируси и болести и потешко ќе биде на организмот да ги стави в костец.

Затоа најнапред обрнете внимание на состојбата на цревата. Излечере ги прво нив, а потоа може да се разгледа и како да го зголемите заштитните функции на имунолошкиот систем .

Кожата не изгледа здрава и убава

Кожата е најголемиот орган во човечкото тело и е показател за тоа што се случува во организмот. Веројатно сте забележале дека кога храната ви е здрава, и кожата ви се чувствува и изгледа подобро. Тоа е затоа што луѓето со убава кожа имаат рамнотежа на добрите бактерии во цревата, нивниот дигестивен систем работи добро.

Од друга страна, кога здравствената состојба на цревата е надвор од рамнотежа, кожата ви станува мрсна или многу сува, повеќе подложна е на микоза, алергиски реакции, акни и егзема.

Постојано се чувствувате уморни

Кога дигестивниот систем не функционира правилно, тој не ја претвора внесената храна во енергија.

Голем број истражувања докажаа дека кога здравјето на цревата е нарушено, ние се чувствуваме почесто без енергија, а понекогаш овој замор се претвора во хроничен.

Нервозни сте, мрачни, депресивни

Знаете ли дека 95% од серотонинот – невротрансмитер кој е одговорен за вашето добро расположение, се наоѓа и синтетизира во цревата? Тоа значи дека има директна врска помеѓу здравјето на цревата и тоа дали сме среќни или депресивни.