Лековитите својства на копривата ни се познати на сите. Таа има широк опсег на дејство и може да ја користат луѓе кои страдаат од алергии, лошо варење, дијабетични состојби, камења во бубрезите, воспаление на мочните канали и т.н.
Сирупот од коприва е одличен за прочистување на целото тело, а доколку правилно го направите, може да ви биде вкусно и освежувачко уживање.
Потребно
- 1 кг листови млада коприва
- 2,5 литри вода
- Шеќер (500 гр на секои 500 мл течност, но ако ова ви е многу можете да ја намалите количината)
Подготовка
Копривата убаво измијте ја, исцедете ја па потопете ги листовите во 2,5 литри вода. Варете на средна температура околу еден час и додавајте по малку вода, за да ја одржите количината од 2,5 литри.
Потоа исцедете го јакиот чај, додадете го шеќерот и мешајте додека да се стопи целосно. Сирупот префрлете го во стаклени шишиња и добро затворете го.



















