Силните главоболки и мигрените може да бидат предизвикани и од одредени видови храна. На вас е да проверите дали ви се случува како последица на нешто што сте го изеле.
Она што е заедничко за сите главоболки е што може да бидат предизвикани од чад од цигари, од пушење цигари, алкохол, животна средина, хемикалии, стрес, хормони и други предизвикувачи.
Но, кои се најчестите „тригери“ меѓу хранливите продукти?
Меѓу нив се старите сирења, закиселените зеленчуци, солените јатки, печивата, благите овошја како смокви и папаја, банана, салами и колбаси, паштети, како и преголема количина кафе и чај.
Сепак, овие се најчестите влошувачи на состојбата:
Сувомеснати производи
Иако за ова нема медицински доказ, многу од оние кои водат дневник на исхрана, забележале дека главоболките и мигрените им се појавуваат во денови кога консумирале сувомеснати производи. Самото месо не би требало да е предизвикувач, туку конзервансите и солта, како и емулгаторите и подобрувачите на вкусот.
Банана
Многу диети и режими против мигрена ја исклучуваат бананата поради содржината на тирамин, состојка која ја има и во старите сирења. Забележете и вие дали чувствувате нешто по јадење банана.



















