Опасна храна која кај децата најчесто предизвикува задушување

89

Се потврди дека за децата тврдите бонбони се на врвот на листата на најопасната храна поради ризикот од задушување.

Помеѓу во 2001 година и 2009, повеќе од 16.100 деца под 14 години завршило во амбулантите за итни случаи, заради гушење со тврди бонбони, покажала една американска студија.

Генерално, речиси 112.000 деца ја посетило итната служба заради опасност од задушување поврзано со храна во текот на осум годишната студија. Околу 15 проценти од нив заради тврдите бонбони.

Останата опасна храна, поради која децата најчесто завршуваат во амбулантата за итни случаи

  • Други видови бонбони: 12,8%
  • Месо: 12,2%
  • Коски: 12%
  • Овошје и зеленчук: 9,7%
  • Адаптирано млеко, мајчино млеко: 6.7%
  • Семиња, ореви или школки: 6,5%
  • Чипс, переци или пуканки: 4,6%
  • Бисквити, колачи или крекери: 3,1%
  • Кремвиршли: 2,6%
  • Леб и ролни: 2,3%
  • Помфрит: 0,8%

Повеќето од децата кои дошле на итна служба, заради гушење со храна пуштени се дома по пружената помош. Околу 10% од нив се хоспитализирани, претежно кога станувало збор за задушување со кренвирши, семиња, ореви или школки.

Просечната возраст на децата третирани заради давување со храна е 4,5 години, а повеќе од половината биле момчиња.

Истражувачите од Nationwide Children’s Hospital во Колумбус (Охајо) ги анализирале националните информации од приемот на службите за итна помош, фокусирани на случаите кои немале фатален исход.

Малите деца немаат заби неопходни за мелење на храната, и сѐ уште учат како да џвакаат, а се поактивни, што може да ја зголеми веројатноста од давење со храна.

Храната која може да претставува поголем ризик за децата е онаа слична по форма на детските дишни патишта (како што се кремвиршлите), онаа која е тешка за џвакање (суровото овошје и зеленчук) и консумирање на повеќе намирници одеднаш (како што се семињата и лешниците).

Американската академија за педијатрија препорачува на децата под 5 години да не им се даваат тврди бонбони или гуми за џвакање, а овошјето и зеленчукот да им се сече на помали парчиња.

Децата треба да бидат надгледувани додека јадат, никогаш не смее да им биде дозволено да трчаат, одат, играат или лежат додека храната им е во устата.

Родителите и старателите би требало да бидат запознаени со техниките на прва помош во случај на гушење.

Студијата е објавена во списанието Pediatrics.

Сторете и Вие нешто убаво за вас – Cashback

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување

Најбараната Cashback Card во Македонија можете да ја добиете БЕСПЛАТНО ако се регистрирате преку нашиот сајт www.kukuriku.com.mk