УЕФА отвори истрага | Доколку Арнаутовиќ навредувал расистички или етнички, го чека казна

1830

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) отвори официјална истрага против репрезентативецот на Австрија Марко Арнаутовиќ, поради инцидентот што го предизвика против Македонија.

Арнаутовиќ го постигна третиот гол за Австрија, а потоа влезе во вербален конфликт со Алиоски. Медиумите открија дека имало навреди на националистичка основа, а ФФМ побара УЕФА веднаш да реагира.

„Според Членот 31 од Дисциплинскиот правилник на УЕФА, одреден е етички и дисциплински инспектор, кој ќе отвори истрага за инцидентот во кој учествуваше Марко Арнаутовиќ, во текот на натпреварот Австрија-Македонија“, вели УЕФА во соопштението.

Доколку биде потврдено дека навредите биле расистички или етнички, Арнаутовиќ би можел да се соочи со суспензија до 10 натпревари.