Евтин и природен начин да се ослободите од масните наслаги

141

Брзото слабеење често за последица има и нарушување на здравјето бидејќи организмот ги скратува хранливите материи.

Губитокот на масни наслаги е одличен за нашето здравје, но често останува опуштена кожа на рацете и нозете, па и целулит на бутовите и задникот.

Затоа важно е топењето на салото да го прати и процесот за изградба на мускулите. Научниците препорачуваат во рамките на диетата што почесто да се консумира и млеко.

Една студија покажа дека оваа намирница може да помогне телото брзо да се ослободи од масните наслаги – испитаниците кои пиеле по две шолји од обезмастено млеко дневно губеле двојно повеќе масни наслаги, а изградиле за 60 проценти повеќе мускулна маса.

За оние кои не се љубители на млеко, охрабрува и податокот дека е доволна и помала количина од овој напиток за да се обезбеди неговото благотворно дејство.

Друго истражување, имено покажува дека е доволно и само децилитар ипол млеко дневно за да го потикнеме слабеењето и изградбата на мускули.

Експертите веруваат дека ниското ниво на калциум во телото е сигнал за мозокот дека нема доволно хранливи материи и затоа јадеме повеќе. Кај подебелите луѓе забележан е и зачестен дефицит на калциум.