Моќта на датумот 11.11

1396

11 ноември е еден од енергетски најмоќните денови во годината, односно денот кога имаме најголеми шанси да се остварат нашите желби!

Имено, 11 ноември, 11.11 е претставен со четири единици, што во таротот и нумерологијата е претставено како волшебник, односно некој што создава магија од ништо. Со низа броеви 11-11, моќта на овој број буквално е четирикратна, и се верува дека денес е идеален ден за поставување цели и остварување желби, без оглед колку и да звучат невозможно!

Универзумот ќе ве чуе и ќе ви помогне да ги претворите вашите соништа и аспирации во реалност! Доволно е да ја испратите вашата желба во вселената со верба дека ќе се оствари за вас и дека ќе имате помош од судбината.

Обидете се да се ослободите од скептичните, негативни мисли денес и да се ослободите од грижите. Нека биде овој пријатен, опуштен ден во кој ќе најдете доволно време за себе, за уживање и за вашите позитивни мисли.

Бидете фокусирани на вашите желби, но размислете и зошто го сакате тоа и како ќе се чувствувате кога тоа ќе се оствари. Замислете детално сè што ќе се случи кога вашата желба ќе стане реалност – тоа ќе придонесе вашата желба да стане појасна, што дополнително се подразбира од забрзувањето на манифестацијата.

Затоа, не двоумете се денес – туку посакајте сè што ќе ви падне на ум!

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.