Намирници кои го штитат организмот од Ковид-19

476

Покрај мерките кои се донесени и изолацијата, втор најважен совет кој експертите го посочуваат кога станува збор за спречување на ширењето на коронавирусот, е поголемо ниво на хигиена и повнимателен однос кон храната и сè што се внесува во домот.

Проф. д-р Воислав Перишиќ, гастроентеролог, за Jutro TV Prvа вели дека ако слатките се соодветно спакувани, може да се јадат, тие сами по себе не можат да содржат Ковид-19.

Ако внесуваме многу зеленчук и овошје со многу антиоксиданти, тогаш ги земаме потребните супстанции кои ги гаснат акутните воспаленија предизвикани од коронавирус и се од големо значење кога вирусот ќе влезе во човечкото тело.

Проф. д-р Перишиќ скренува особено внимание на фактот дека кога лицата повторно ќе станат негативни на Ковид 19, тие го исфрлаат вирусот преку изметот во наредните 15 до 20 дена и поради тоа е исклучително важна личната хигиена и хифиената на тоалетите.

Здравата храна е важна, се разбира, добро измиена и штити од оксидативен стрес, нема да спречи инфекција, но истата ќе биде многу поблага.

Лукот има инулин пребиотик, храна со добри пробиотични бактерии кои ќе се борат против коронавирусот во нашите црева и во тој поглед лукот е корисен.

Сега можеме да видиме различни рецепти за тоа како да се зајакне имунолошкиот систем и да се зачува организмот од коронавирусот, од кои еден, наводно, е рецепт со лимон, куркума и мед.

Д-р Перишиќ истакнува дека имаме повеќе витамин Ц во пиперката отколку во лимонот и да се направи салата со пиперки е поефективно.

„И не заборавајте, вишокот на витамин Ц се исфрла преку урината, а премногу од овој витамин може да доведе до камен во бубрег“, напоменуваат лекарите.

Веганите се поподложни на инфекции, па гастроентерологот ги советува сите да не водат ригорозна диета, но сепак за оние кои сакаат да изгубат тежина до лето истакнува дека планот на исхраната мора да биде избалансиран, со задолжителен внес на месо, затоа што содржи цинк, кој е неопходен за клеточен имунитет, што е важно за оние леукоцити кои се борат со бактериите.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.