Јапонија им одобри на генетичарите да започнат со одгледување на човечко-животински ембриони

197

ЈАПОНИЈА обезбеди финансиска поддршка на својот експерт за истражување матични клетки за создавање на животински ембриони кои содржат човечки клетки, пишува Nature.

Генетичарот Хиромитсу Накаучи, кој работи на Универзитетот во Токио и универзитетот Стенфорд во Калифорнија, планира да одгледува човечки клетки во ембриони на глувци и стаорци, а потоа да ги пресади тие ембриони во сурогат животни. Крајната цел е да се создадат животни со органи од човечки клетки кои подоцна можат да се пресадат кај луѓето.

Неодамна укината забраната

До почетокот на оваа година, Јапонија експлицитно забранувала експериментирање со животински ембриони што содржат човечки клетки. Но, во март, јапонското Министерство за образование и наука издаде нови упатства што овозможуваат создавање на човечко-животински ембриони кои можат да се пресадат во сурогат животни.

Слични експерименти беа спроведени во земји како што се САД, но раѓањето на генетски модифицирани животни не било дозволено. Иако на научниците во САД им е дозволено да прават слични експерименти од 2015 година, но забрането е владино финансирање за вакви истражувања.

Полека до целта

Накаучи рече дека постепно ќе го гради своето истражување и дека нема да има раѓање на хибридни животни за скоро време. Во првата фаза, планира одгледување на ембриони на хибридни глувци до 14,5 дена од бременоста, кога органите се претежно формирани пред породувањето. Истиот експеримент ќе го направат на стаорци.

Подоцна, Накаучи планира да аплицира и да добие од Владата одобрување за одгледување хибридни ембриони од свињи до 70-от ден од бременоста.

„Добро е да се тргне со овој чекор потполно и со претпазливост, што ќе овозможи дијалог со јавноста која е многу вознемирена од идејата за вакви експерименти“, рече научниот етичар Тетсуја Ишии од универзитетот Хокаидо.

Етички прашања и проблеми

Некои биоетичари се загрижени за можноста човечките клетки да се развиваат надвор од целните органи и да завршат во мозокот на животното во развој, што може потенцијално да влијае на способноста на свесност и можност на познавање на овие лица.

Други, пак, веруваат дека нашата технологија сè уште не е доволно развиена за да создаде хибридни ембриони од еволутивно далечни видови, како свињи, овци и луѓе, затоа што човечките клетки нема да имаат можност да се развиваат.

Но, Накаучи верува дека поддршката од владата ќе му овозможи да го реши проблемот. Тој има намера да експериментира со iPS клетки на суптилно различни нивоа и да се обиде да утврди што го ограничува развојот на човечките клетки во животинските ембриони.

Индуцираните плурипотентни матични клетки, скратено iPS клетки, се вештачки добиени клетки со процес на стимулирање на присилната експресија на одредени гени.