Позитивни мисли | Ги лечат крвните садови и срцето појако од храната и пијалокот

449

Наместо дожд на негативни мисли создавајте повеќе позитивни мисли и вашето оптимистично размислување ќе направи чудо за крвните садови, срцето и мозокот.

Голем број на студии потврдуваат дека мислите и чувствата играат голема улога во состојбата на организмот. Па така луѓето со највисока доза на оптимизам имаат дури 50 проценти помала веројатност да добијат срцев удар или мозочен удар.

Неодамнешните студии покажаа дека негативните состојби како што се депресија, бес, вознемиреност и непријателство можат сериозно да предизвикаат сериозни оштетувања на кардиоваскуларниот систем.

Од друга страна, позитивен поглед на животот го помага здравјето на срцето. Тоа го покажуваат и податоците од првата голема систематска обработка на податоците на оваа тема која ја спроведоа на Harvard School of Public Health.

Научникот кој го предводеше истражувачкиот проект д-р Julia Boehm рече:

“Отсуството на негативното не е иста работа како присуство на позитивното. Ние откривме дека факторите како што се оптимизам, животното задоволство и среќата се поврзани со намален ризик од кардиоваскуларните болести и тоа без оглед на факторите како што се возраста, социоекономскиот статус, пушењето и телесната тежина. На пример, луѓето кои имаат највисоко ниво на оптимизам имаат околу 50 % помал ризик од срцев удар или мозочен удар, отколку нивните врсници кои на животот не гледаат со таков оптимизам”.

Тимот откри јасен доказ дека психолошките фактори како што се оптимизмот и позитивните емоции, обезбедуваат заштита од кардиоваскуларните болести. Овие фактори можат да го забават напредувањето на болеста.

Всушност се покажа дека повеќето позитивни луѓе обично одат на вежбање, јадат балансирано и доволно спијат, а тоа е природно поврзано со понизок притисок, подобри вредности на масти и со нормална физичка тежина.

Задоволството, оптимизмот и среќата, би требало да бидат фактори кои се земени во предвид кога се обмислуваат националните планови за превентивна медицина и интервентни стратегии.

news.harvard.edu

Сторете и Вие нешто убаво за вас – Cashback

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување

Cashback World | Cashback – Враќање пари при секое купување