На тост или во сендвич! Вкусна паштета од печен лук можете да послужите на неколку начини, а подготовката е брза и лесна.
Потребно
- неколку главици лук
- 2-3 лажици маслиново масло
- сол и бибер по вкус
Подготовка
- Измијте го и исушете го лукот.
- Завиткајте го во алуминиумска фолија и печете го во рерна на 250°C околу половина час.
- Доколку е потребно, ако мислите дека лукот не е печен доволно, можете да го вратите во рерна и да продолжите со печењето.
Како знаете дали лукот е печен доволно?
- Добро печениот лук треба да може да се исцеди од лушпата како паста.
- Додадете сол и бибер во пастата од лук, додадете маслиново масло и добро измешајте.
- Оваа паста можете да ја ставите и во тегла.
- Вака подготвената паштета од лук можете да ја користите само неколку дена (ако е во фрижидер).
- Но, дефинитивно треба да знаете дека стоењето го менува мирисот и бидејќи е без конзерванси и слични адитиви, рокот на траење е многу ограничен.
Како можете да ја користите паштета од лук?
- Тоа зависи од вашата фантазија и од тоа колку сакате лук, бидејќи можете да додадете лажица од оваа паста во практично секое солено јадење што ќе го зготвите.
- И најдобро од се, можете да го намачкате на леб или тост, а со печени пиперки сендвичот е совршен!
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.