Се играме царски рез | Мајката на синот му покажала како изгледа породувањето | Видео

922

Мајката направила труднички стомак од глина за игра и детално ја подготвила играта „царски рез“ за четвртиот роденден на нејзиниот син. Дали и вие би играле вака?

Детските родендени обично поминуваат со балони, торта, стари фотографии и потсетници на убави спомени. Една мајка, докторка, решила малку да го смени концептот за роденденот на нејзиниот син. Наместо класична прослава, неговиот четврти роденден поминал во едукација за тоа како е роден. Да, добро слушнавте. Таа одлучила да му ја демонстрира најстарата меморија што ја има – раѓањето со царски рез.

„Нашето бебе сега има дури четири години, па се потсетивме на денот кога пристигна во светот“, рече мајката на Џесика Со, овластен дерматолог.

Со помош на глина за игра, таа го обликувала својот труднички стомак со сите детали, а потоа заедно со нејзиниот син извршиле „пораѓање“ на играчката Спајдермен.

Прво провериле дали анестезијата работи, а потоа се подготвувале за рез и сите други делови од операцијата. Практично го подготвува својот син да биде хирург еден ден!

Таа дури ја подготвила и плацентата!

Многу следбеници биле воодушевени од многу необичната игра на оваа мајка, додека некои признале дека по нејзиното видео, повеќе не се плашат од царски рез.

Дали би играле и вие вака?