Соко од цвекло

74

Цвеклото е една од најздравите намирници и препорачливо е да го консумирате колку што можете почесто. Покрај тоа што е многу здраво, цвеклото има и специфична боја поради која се истакнува меѓу другите зеленчуци.

Богато е со хранливи материи, вклучувајќи калиум, манган, фолна киселина и витамин Б6. Најдобро е да го консумирате свеж како салата или пак да пиете сок од цвекло.

Овие 10 придобивки од сокот од цвекло ќе ве натераат почесто да го консумрате!

Подобро здравје за коските

Сигурно сте слушнале за остеопорозата, болест на коските која се појавува кај голем број на луѓе. Проблемите со коските не се појавуваат само кај постарите луѓе. Кај коските можат да се случат голем број на промени во зависност од тоа како живеете и колку се грижите за вашето здравје. За да ги зајакнете коските, консумирајте редовно сок од цвекло, кој содржи големо количесто на витамин Ц, фолна киселина, железо и бакар.

Го намалува крвниот притисок

Кога крвниот притисок е над нормалата, тогаш тоа не е добра новост, бидејќи може да резултира со срцев удар. Целта е да го одржувате нивото на крвниот притисок помало. Најлесниот начин за да го направите тоа е со правилната исхрана. Сокот од цвекло го намалува крвниот притисок, благодарение на нитратите.

Прави детоксикација на организмот

На секоја личност и` е потребна детоксикација. Како да знаете дали ви е потребна детоксикација? Организмот ќе ви каже самиот. Почесто ќе почнете да чувствувате главоболка, умор, ќе почнат да се појавуваат дамки и брчки на вашата кожа. Тоа се случува бидејќи во вашиот организам има непотребни и штетни материи, кои треба да ги отстаните. Сокот од цвекло ќе ви помогне во тоа.

Добар е за мозокот

Сокот од цвекло го подобрува здравјето на мозокот со тоа што ја подобрува оксидацијата во тој предел.

Помага во намалувањето на килограми

Сокот од цвекло е богат со влакна, па затоа може да ви помогне во намалувањето на килограмите. Тоа е така бидејќи влакната ви помагаат да се чувствувате сити подолго време.

Го стабилизира нивото на шеќер во крвта

Познато е дека високото ниво на шеќер во крвта може да предизвика дијабетес. Понекогаш е навистина тешко да се контролира нивото на шеќерот во крвта, особено кога не внимавате и ја консумирате погрешни работи. Сокот од цвекло го има спротивниот ефект. Тој го намалува шеќерот во крвта и го стабилизира неговото ниво.

Го успорува процесот на стареење

Никој не сака да остари, но за жал тој процес не може да се спречни. Но, може да се успори. Редовно консумирајте сок од цвекло и ќе го задржите вашиот младешки изглед подолго време. Тоа е така бидејќи овој сок содржи голем број на антиоксиданти кои се борат против слободните радикали, кои ја оштетуваат кожата и го забрзуваат стареењето.

Го намалува лошиот холестерол

Лошиот холестерол е поврзан со срцевите болести. И срцевите болести и лошиот холестерол можете да ги спречите со редовно консумирање на сок од цвекло.

Го прочистува организмот

За крај, треба да знаете дека сокот од цвекло го прочистува целиот ваш организам.