Постои поговорка која вели: “Не им верувај на очите, тие може да те излажат”. Во практиката оваа изрека се покажала вистинита, бидејќи многу пати гледаме работи кои сакаме да ги видиме.
Науката овој феномен го вика мотивациона перцепција и тој е истражуван со децении. Реалноста која што ние ја согледуваме не мора да значи дека е така, бидејќи нашата свест знае да биде селективна и субјективна. Во практиката се покажало дека и нашите желби знаат да остварат силно влијание на процесот на примање на информации.
Во 1954 година направено е истражување на група на студенти за време фудбалски натпревар. Резултатите покажале дека студентите давале повеќе забелешки и ги приметувале фаулите на спротивниот тим. Тука јасно се согледува пристрасната слика за процесот на примање на информации.
Сепак ние ќе се задржиме на друго истражување, каде група на луѓе биле тестирани врз база на препознавање на работи на определени слики. Така кандидатите имале 4 секунди за да одлучат на секоја слика дали има повеќе ликови или пак сцени. За секој точен одговор следувала парична награда. Тука кандидатите се манипулирани со тоа што доколку видат повеќе ликови, нив им следува награда. Врз основа на тоа, водени од желбата и мотивацијата за паричен надоместок, тие гледале повеќе ликови од сцени.
Во однос на прашањето како ја донесуваат одлуката, истражувачите наведуваат дека се започнува од очите. Првата теорија вели дека информацијата е проследена од две визуелни струи: вентрална – која е одговорна за декодирање на тоа што гледаме и дорсална струја која утврдува каде се случува настанот.
Нашите желби и цели имаат големо влијание на нашето однесување, емоции и на начинот на кој го гледаме светот. Согласно водечкиот автор на ова истражување, постојат две импликации. Првата е поврзана со нашата презентација на светот. Ние се трудиме да го гледаме светот објективно, со цел да носиме објективни одлуки. Долку сме свесни како нашите желби и цели влијаат на нашиот поглед, тогаш можеме да расудуваме правилно.
Втората импликација се однесува на начинот на кој се поврзуваме со другите, посебно со ние со кои немаме заеднички јазик. Доколку го прифаќаме различниот поглед што го имаат другите, тогаш полесно ќе можеме да се поврземе со нив.
Marianna Pogosyan Ph.D.



















