Мажите изневеруваат поради недостаток на одобрување

265

Причините за едно неверство можат да се многу и различни. Но недостатокот на женско одобрување е една од водечките причини, кои го насочуваат посилниот пол кон туѓиот кревет.

Ова го покажуваат резултатите од истражувањето на темата, пишува Business Insider. Истражувањето е објавено во книгата “Вистината за изневерите”, чиј автор е М. Гери Њуман.

За целите на истражувањето биле забележани и испрашувани повеќе од 200 неверни мажи. Резултатите констатираат дека една од најчестите причини за неверство е недостатокот на пофалби и одобрение од страна на понежните половинки.

Тоа ги турка мажите да бараат одобрување на друго место. Најчесто го наоѓаат во канцеларијата меѓу колешките. Според податоците од истражувањето 40% од изневерите на мажите кои учествувале во истражувањето, се токму со колешки.

Најчудното и шокантно во овој заклучок на студијата е дека не убавината и привлекувањето се во основата на машките неверства. Такво е општото верување, а очигледно не е сосема точно. Машкото его има повеќе потреби од машкото око.

88% од анкетираните мажи споделиле дека изневериле со жени, помалку атрактивни од нивните сопруги, пишува redbookmag.com.

Охрабрувачки е дека 68% од мажите признале дека се чувствуваат виновни поради неверството. Тие биле свесни дека прават нешто погрешно и лошо.

Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.