Можеби ќе се изненадите што навистина бараат мажите од проститутките и љубовниците

1276

Многу жени се прашуваат што бараат мажите кога ангажираат проститутка или наоѓаат љубовница. Сексот, се разбира, игра важна улога во тоа, но не станува збор само за секс.

Покрај тоа, честопати воопшто не станува збор за секс. Експертот за секс и врски Трејси Кокс разговараше со многу сексуални работнички, љубовници, но и мажи и откри кои потреби сакаат да ги задоволат на овој начин. Еве што бараат мажите.

Возбуда и нешто ново

“Мојата сопруга и јас имаме секс еднаш месечно, и таа никогаш не сака да пробува нови работи. Да беше поинаку, никогаш не би барал секс со некој друг”, рече еден човек. “Никогаш не сум имал афера. Не барам љубов, само барам секс. Различно е со проститутка, тоа е деловна трансакција што не му штети на мојот брак. На тој начин можам да имам секс со друга жена без да ја изневерам сопругата. Тоа е безопасна забава”, тврди друг.

Обожување

Љубовничките често ги идеализираат мажите, додека тоа ретко ќе го доживеат од сопствената сопруга, а мажите сакаат кога ги обожаваат.” Јас можам да бидам тоа што сум пред неа. Ме прави да се чувствувам важно. Таа ми се восхитува. Кога ќе ја погледнам сопругата, гледам само разочарување во нејзините очи. Не чувствувам дека и исполнив дури половина од нејзините очекувања”, одговори еден маж на прашањето зошто тој има љубовница.

Продолжува на страна 2