НАЈЕВТИНИОТ ЛЕК ЗА ГЛАВОБОЛКА

1655

Следниот пат кога ќе имате главоболка, пробајте ги новите препораки на докторот: оставете ги лековите настрана и едноставно пијте многу вода.

Редовното пиење вода може да ја намали сериозноста на главоболките и мигрената, а со тоа и да ја намали потребата за таблети.

Научниците откриле дека пиењето околу седум чаши вода дневно е доволно за ублажување на болката и подобрување на квалитетот на животот на пациентите кои редовно страдаат од главоболки.

Истражувачите од Универзитетот во Мастрихт, Холандија, уште во 2005 година забележале дека пациентите кои пиеле повеќе вода имаат помалку проблеми.

Водечкиот истражувач Др. Mark Spigt и неговиот тим третирале повеќе од 100 пациенти кои редовно страдале од главоболки. Тие им давале совети како да ги ублажат болестите, вклучително и намалување на стресот, подобрување на спиењето и избегнување на кофеинот.

Но, на половина од пациентите им било кажано да пијат 1,5 литри вода дневно повеќе од вообичаено во период од 3 месеци.

Резултатите, објавени во списанието Family Practice, покажуваат дека половина од оние кои пиеле повеќе вода се чувствувале значително подобро.

Истражувачите соопштиле: „Се сомневаме дека некои пациенти кои страдаат од главоболки би моќеле да имаат корист од пиењето повеќе вода и се чини разумно да се препорача да се обидете да пиете повеќе и да се уверите во позитивниот резултат“.

Иако ова може да биде поврзано со плацебо ефектот, според др. Fayyaz Ahmed од Migraine Trust, истражувачите сепак препорачуваат да внесувате доволно вода во вашето тело, бидејќи тоа генерално има позитивен ефект врз вашето здравје.