Мудра порака до младите која допира до сите | ‘Ако има правда, ете, баш тука се наоѓа’

1372

– „Тие биле, па поминале, па повторно дошле некои тешки времиња, синко! Рече старецот.

– Колку што знам, животот отсекогаш бил тежок, но порано било полесно да се живее. Не се имало Бог знае што, но срцето било задоволено од она што имаш. Срцто било полно со љубов од која се раѓале почитувани луѓе.е Таткото е татко, мајката – мајка, а детето – дете. А денес? Нема потреба да зборуваме премногу сè е познато.

Се повеќе луѓе се мијат со своите солзи, бидејќи среќата за некои е само поим или бајка. Ако ме прашаш синко, веќе долго, долго време не чувствувам трошка радост и мир. Долго се немам од срце насмеано сине. Знаш она, “од душа“. Ма секако ја викав, но не знаев дека треба да ја викам само ‘животе мој’. Но, сега знам.

А, ме прашувш за децата? Добри ми се, нека се живи и здрави! Сите имаат свои деца и свои животи. Ми доаѓаат и ме посетуваат колку што можат, ми даваат колку што можат. Седам овде покрај прозорецот и со часови гледам некаде, а да ме прашаш каде не знам ни самиот! Но, гледам и чекам и кога ќе ги видам слатките лица на моите деца како да ме огреало сонце. Иако, тоа ретко ме грее. Ми велат дека имаат премногу обврски и секогаш се во брзање.

Запомни, синко, Бог дава, а луѓето користат. Сепак, ни даде и ни остави нешто добро, а тоа е дека сите сме деца и дека ќе бидеме и родители. Дека денеска сме млади – утре стари. Дека денеска сме силни – утре слаби. Дека денеска сме здрави, а утре кој знае? И да, ако има правда, ете баш тука се наоѓа! И некогаш сум бил млад и силен. И јас сум бил среќен и полетен. И мене мајка ми и татко ми ме чекаа како што чекам и јас сега. Затоа, не заборавај, сине, сè се враќа!“