Сонот и дијабетесот се во директна врска

217

Помалата секреција на мелатонин, хормон кој го стимулира спиењето е поврзана со зголемен ризик од дијабетес (тип 2), открива истражување објавено во списанието на Американската медицинска асоцијација JAMA.

„За прв пат откриваме дека постои врска меѓу ноќната секреција на мелатонин и ризикот од дијабетес тип 2″, рече д-р Киаран Макмиулан / Ciaran McMullan /, истражувач од болница Brigham and Women `s hospital во Бостон, еден од авторите на истражувањето.

Тој вели дека се надева оти ова истражувањето ќе продолжи за да се проучат ефектите на мелатонин врз телото и улогата на овој хормон на глукозната врз метаболизам и ризикот од дијабетес.

Нивото на мелатонин произведен од мозокот, особено за време на спиењето, се највисоки во текот на ноќта, што помага за регулирање на циркаднијата и ритамот на сонот.

За целите на оваа студија, истражувачите прегледале 370 жени од иста раса и возраст, кај кои се развил дијабетес тип 2 и 370 други во контролна група без никакви знаци на болеста. Тие утврдиле дека учесниците со дијабетес имаат ниско ниво на мелатонин во текот на ноќта, во споредба со групата на здравите.

Според истражувачите, ниското ниво на мелатонин во ноќта го зголемуваат повеќе од два пати ризикот од дијабетес во споредба со високото ниво.

Оваа врска беше потврдена, откако се зедоа предвид и други фактори коишто водат развојот на дијабетес, како дебелината, фамилијарна предиспозиција или начинот на живот, како диети, невежбање, пушење и подолг сон.

Секрецијата на мелатонин варира значително во зависност од конкретните учесниците во оваа студија, највисокото ниво е речиси пет пати повисоко од најниското. Чувствителноста на инсулин, кој го контролира нивото на гликоза во крвта, е поголема кај жените со повисоките нивоа на мелатонин, посочуваат истражувачите.