Маслиновото масло и ситоста во процесот на слабеење

144

Само мирисот на маслоново масло дава чувство на ситост за време на оброкот и го забрзува процесот на слабеење, открија на учниците од Минхен и Виена.

Истражувачите спровеле студија во која група доброволци требало да консумираат по 500 грама јогурт дневно. Половина од нив го јаделе со додадено маслиново масло.

Резултатите покажуваат дека тие конзумирале помалку калории и не ја зголемиле телесната тежина.

Крвни тестови покажуваат дека оваа група учесници имале во организмот повисоки нивоа на серотонин, т.н. хормон на ситост, кој го намалува апетитот.

Според научниците, тоа се должи на ароматични соединенија кои се содржат во маслиновото масло.

Експертите пресметале уште дека вкусот на маслиново масло помага да се намали внесувањето на накалориите во текот на денот за најмалку 200 калории.