Здравата исхрана е нешто прекрасно и би требало сите луѓе да се стремат кон тоа. Сепак, никој не е безгрешен и на секој од нас ни се случило да “престапиме” со неодоливо парче торта, примамливо чоколадо или вкусен сладолед во жешките летни денови.
Обично искушенијата стануваат неодоливи кога човек чувствува глад. Тогаш тој е повеќе склон да заборави за корисната храна и да го “скроти ѕверот во себе” со она што му се нуди – најчесто некој исклучително нездрав производ.
Затоа е важно да знаете како да се справувате во овие напнати ситуации. Ви нудиме неколку начини со чија помош може да се стиши крикот на гладот за само 15-тина минути :
Уживањето во прошетка
Новото истражување докажува дека 15-минутна прошетка значително го намалува ризикот да згрешите со некоја калорична и штетна храна. Општо земено умерените интензивни вежби, дури и за краток период на време, може да им помогнат на луѓето да го регулираат својот внес на храна.
Пијте чај од ѓумбир
Ѓумбирот е ваш пријател, не само затоа што е корисен, но и затоа што ќе ви помогне да се справите со желбата да консумирате нешто слатко.
Пијте една чаша вода
Ако пак немате чај од ѓумбир, пробајте да го скротите гладот само со вода. Често се случува човек да ја меша жедта со глад, особено кога телото му е значително дехидрирано. Обично една нормална чаша вода е доволно силна за да го победи вашиот глад.
Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.
Продолжува на страна 2